Училишни секции

Англиски јазик

Денес наставникот не е само извор на знаење, туку и организатор, мотиватор и иницијатор на ученичките активности и самиот е мотивиран, одговорен, комуникативен, подготвен и отворен за постојано усовршување и професионално напредување.

Ученикот во денешно време е комуникативен, креативен, со силно развиена фантазија. Негова задача е активно да е вклучен во процесот на постојано унапредување на своите знаења, вештини и способности.

На секциите и ученичките активности по предметот англиски јазик се обидуваме да ги вклопиме и изразиме овие сегменти за да добиеме интересен готов производ во вид на драма, поема, песна или креативни проекти во различни форми, а како императив ја наметнуваме позитивната енергија меѓу нас.