ПРОЕКТИ

ШАРЕНИ ЧАДОРИ

СОЗДАДОВМЕ МУЗИЧКИ ПРОЕКТ ШАРЕНИ ЧАДОРИ 

 

Започнавме со настап на Патронен празник на училиштето со пеење во живо пред мала публика.

Професионално е снимена аудио , а потоа и видео спот за песната.

Тоа ни овозможи да согледаме како се промовира спотот.

Ведаш потоа ги воочивме ефектите од нашата работа. Воочивме како се користи најсовремена технологија и колку знаење за тоа е потребно. Колку труд и знаење вложија Џокси, Валентино и Александар, секој во областа во која најдобро секој од нив работеше и производот сите многу не радуваше.

Трајно усвоените знаења не упатуваат на сериозен приод кон учењето.

Искуството го продлабочуваме сега во континуитет.

Настапивме во Универзална сала, кој дотогаш за нас беше само сон на хуманитарен концерт СОС село.

Следеше промоција во Дуомо. Песната не воодушевува и со нескриено задоволство тоа чувство го споделуваме со широката македонска јавност преку повеќе печатени и електронски медиуми.

Гостувавбме на Тротоар, Ексклузив и во други емисии што не направи особено горди.

ОНОЈ ШТО СЕКОЈ ДЕН НЕ НАПРЕДУВА, СЕКОЈ ДЕН НАЗАДУВА

Текст: Владимир Нејашмиќ Бато
Музика: Џина Папас Џокси 
Аранжман: Валентино Скендеровски
Аудио: студио „Ентерпрајз“
Видео: студио „АСА“

Шарени чадори 1

 

 

 

 

Шарени чадори 2


 

Ние, учениците од 5-б одделение, реализиравме еден многу голем и за нас интересен проект.За првпат кон медиумите гледавме од другата страна, од зад сцената, зад камерите. Сетоона што го учевме за медиумите, сега го вкусивме и го доживеавме. Се стекнавме со новоискуство исполнето со забава, возбуда и со незаборавни доживувања. Колку е само убавапомислата дека и ние сме дел од нечие секојдневие.

Првото наше шарено доживување беше аудио снимањето на песната “Шарени чадори” кое сеслучи во студиото “Ентерпрајз”. Спотот се снимаше на Плоштадот Македонија, а неговатапромоцијата се одржа во клубот “Дуомо”. Потоа следеа покани од највлијателните медиуми воМакедонија. Бевме гости кај Марко во “Тротоар” (Канал 5 Телевизија), емисија која ги следисите музички и културни настани во Македонија и светот, како и на А1, “Ексклузив”. Не’имаше и на “Заеднички ручек”, а некои од нас гостуваа на Утринската програма на МТВ.Потоа, Сител телевизија и Наша ТВ, но снимивме и новогодишна емисија за Алфа ТВ.Промоцијата ја следеа и новинарите од пишаните и електронските медиуми : МММ(Македонска Музичка Мрежа), Журнал, Нова Македонија, Дневник, Утрински весник ...

Творечкиот занес не’ однесе до нова идеја, го создадовме весникот “Шарени чадори”, весник на5-б, кој стана и весник на Училиштето “Јохан Хајнрих Песталоци”. Оформивме редакција одмлади новинари која се погрижи за содржината на весникот, ги забележаа сите активности, анашите дописници од другите одделенија подготвија интересни информации од нивниотученички живот.

Не сме ние тие, ако не им се заблагодариме на нашите едукатори, наставничката ВиолетаКрстевска Васиќ, виновникот за сите убавини што ни ги дава Училиштето и на ДаниелаНацев, нашата класна, со која ги продолжуваме и ги надополнуваме активностите завесникот “Шарени чадори”.

Горди сме и можеме да се пофалиме со нашите настапи на важни настани и во многу емисии.Сепак, да не беа, Џокси и неговите пријатели, Валентино Скендеровски и АлександарАлексовски, кои ја оживеаја нашата мечта, ние се' уште ќе седевме пред малите екрани и ќесе прашувавме како се снимаат емисиите, песните, спотовитe, концертите ...

Драго ни е што по нашиот пример и Општина Центар создаде веник на сите училишта воОпштината. Им посакуваме успешна работа и успешна соработка со независниот весник“Шарени чадори”.

Редакција на Шарени чадори и 6-б

Објавено на 23 03 2017