ПРОЕКТИ

ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ

Од учебната 2013-2014 година во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, започна реализацијата на Проектот за меѓуетничка интеграција на учениците. Станавме партнер училиште со ООУ „Лирија“, Скопје, и заеднички, во текот на целата учебна година реализираме и ќе реализираме повеќе активности во духот на сплотување и меѓусебно запознавање на учениците од двете училишта, водени од мислата „ Колку повеќе се познаваме, толку повеќе ќе се разбираме и почитуваме“.

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛЗИРАНА АКТИВНОСТ СО ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО

На 28.11.2014 г. ученици од ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци” и ООУ „Лирија“ ги спроведоа активностите: Посета на Старата скопска чаршија, на Театарот за деца и младинци и ги разгледуваа новите споменици во градот Скопје. Учениците, заедно со наставниците-носители на активностите од двете училишта, се сретнаа во Старата скопска чаршија и заедно се упатија кон Театарот за деца и младинци кој се наоѓа во Старата скопска чаршија.

Во театарот учениците се сретнаа со актерот од серијата „Наше маало“, Бени, кој им раскажуваше за заеднички, незаборавни моменти од дружбата при снимањето на серијата, снимана на јазиците на сите наши етнички заедници.

Во Старата скопска чаршија учениците ги разгледуваа дуќаните каде сè уште се негуваат старите занаети кои и даваат посебен белег на чаршијата: крзнарството, шапкарството, опиничарството, филигранството, златарството, килимарството, рачните изработка на разни музички инструменти.

Прошетката продолжи во разгледување на новите споменици низ градот: Скендер Бег, Филип II, Музејот на ВМРО, Холокаустот во Република Македонија. Во текот на посетите, учениците се дружеа, се шегуваа, разговараа, разменуваа мислења, се фотографираа.

Кулминација на овие активности беше постигната во слаткарницата „Охрид“ каде учениците имаа заедничко честење со засладување, смеа, размена на рецепти за разни слатки.

Координатор на активностите: наставник Мимоза Манчевска


  1. Проект за меѓуетничка интеграција на OOУ„Јохан Хајнрих Песталоци “ и ООУ „Лирија“ – СКОПЈЕ

Повеќе

  2. Работилница - Мултикултурата на цртеж “Едно сме – растеме заедно”

Повеќе

  3. Активност - „Танцуваме, се дружиме, се сакаме “

Повеќе

   „ЕДНО СМЕ, ЗАЕДНО РАСТЕМЕ“

На 10.04.2014 година, во нашето училиште се одржа уште една активност, планирана како дел од Проектот „Едно сме, заедно растеме“. Се реализираша Литературно читање на кое учествуваа ученици од партнер-училиштето „Лирија“ и од нашето училиште.

Во работна и пријатна атмосфера, со презентации на личните творби, кои учениците ги твореа на тема како и мотото на Проектот, „Едно сме, растеме заедно“, и со дружење ме-ѓу учениците, помина и оваа манифестација, дел од споменатиот Проект.

На литературната средба беа присутни наставниците по Македонски јазик Снежана Велкова и Ана Ѓеорѓиева, координаторите од двете училишта и наставници по Англиски јазик.

Интеграцијата беше застапена во целост, по пол и по етничка припадност, односно, од двете училишта учествуваа по 5 ученика. Творбите беа претставени на македонски, албански и делумно на англиски јазик. По потреба, во активноста беше вклучен и преведувач.

Со своите ораторски способности и вештина, во пријатна атмосфера и дружба, учени-ците уште еднаш го потврдија мотото кое нè зближува, „Едно сме, заедно растеме”.

Подготвила: Снежана Велкова, наставникот по Македонски јазик

 


Објавено на 23 03 2017