ПРОЕКТИ

Биди и ти заштитник на планетата Земја

Како дел од проектот МИО за меѓуетничка интеграција во образованието,започна ЕКО-проектот"Биди и ти заштитник на планетата Земја" со литературен и ликовен конкурс.

Проектот започна на 29.03.2017г.во училиштето-домаќин"Браќа Рамиз и Хамид" во Општина Шуто -Оризари во Скопје.Учество земаа четири училишта од Скопје и околината.

ООУ"Ј.Х.Песталоци-Општина Центар,ОУ"Св.Кирил и Методиј"село Кучевиште,ООУ"Лазо Трповски"Општина Карпош и училиштето-домаќин"Браќа Рамиз и Хамид Општина Шуто-Оризари.

Учениците твореа на литературен и ликовен конкурс,при што на ликовниот конкурс,учениците заеднички во групи изработуваа разни фигури од пластика,метал и гума,а на литературниот индивидуално твореа лични творби со еко-содржини кои беа наградени.

Од нашето училиште литературниот конкурс го подготвуваа наставниците-ментори:Снежана Велкова и Ана Георгиева,а ликовниот конкурс наставничката-ментор Нада Ѓорѓиовска.

Првата награда на литературниот конкурс ја освои ученичката Сара Јагликовска VII 2 одд. од ООУ"Ј.Х.Песталоци, ментор-Ана Георгиева, втората награда и припадна на ученичка од ООУ"Лазо Трпоски"и третонаградена беше творбата на ученичката од ООУ"Браќа Рамиз и Хамид".Манифестацијата заврши со меѓусебна дружба,делење искуства и фотографирање до следното видување и секако до завршната манифестација која ќе се одржи на 29.04.2917г,а домаќин ќе биде нашето училиште.Еве дел од атмосферата на самиот настан:

Објавено на 04 04 2017