ПРОЕКТИ

Биди и ти заштитник на планетата Земја 2

На 03.04.2017г.,продолжи актовноста "Биди и ти заштитник на планетата Земја"како дел од Проектот-МИО,поддржан од Фондацијата-Градиме мостови,Скопје.

Активноста продолжи во ОУ"Кирил и Методиј"во с.Кучевиште со ликовен конкурс и изложба на цртежи од ученици со различна верска,етничка и национална припадност.Учениците интегрирани,твора,создаваа ликовни творби со кои ја искажаа својата креативност , детската фантазија и визија за светот и живот.Крајната цел беше менување и стекнување нови искуства во ликовната уметност и грижата за повеќе зеленило,природни убавини и заштита на планетата Земја ,а најглавно од се беше дружењето.

Ликовниот конкурс заврши со доделување награди и со изложба на наградени и на други цртежи на деца од различна национална припадност во кои се кријат можеби идни уметници и екологисти.

Првонаграден беше цртежот на Ивона Науновска  VII 2 одд, ученичка од ООУ"Ј.Х.Песталоци",Скопје .Ментор -Нада Ѓорѓиевска.Еве дел од манифестацијата и од наградените ученици од нашето училиште:

Објавено на 05 04 2017