ПРОЕКТИ

Биди и ти заштитник на планетата Земја 3

На 10.04.2017 година, продолжија активностите од проектот „Биди и ти заштитник на планетата Земја“ во рамките на МИО, поддржан од фодацијата Градиме мостови.

Овој пат активностите се одвиваа во ООУ „Лазо Трповски“ – Карпош, а учениците работеа во 5 полово, старосно и етнички мешани групи. Учениците меѓусебно се натпреваруваа во квиз на знаења од областа на екологијата. Ментор на оваа активност беше наставничката Бранка Димевска Коцева.

Главна цел на активноста беше меѓусебно запознавање и дружење на учениците преку соработка и учење. Учениците покажаа одлични познавања, а квизот заврши со две први, едно второ и едно трето место. 

Објавено на 12 04 2017