Училишни секции

Активности на Литературно-новинарската секција во периодот 2016 / 2017 година

И оваа учебна година, Литературно-новинарската секција имаше бројни активности во Училиштето и надвор од него.

         Во септември се подготвија ученички творби за учество на Литературниот конкурс „За тебе пеам, за тебе пишувам“, во организација на Фондацијата Никола Кљусев. Беа испратени творбите на Теа Стефановска (IX/1) и Никола Баџаков (IX/3).

          Ученичката Илона Богатинова (IX/1), со личната творба „Мојата желба“, имаше настап по повод Денот на мирот, во организација на Сојузот на борците.

          На Литературниот конкурс „Мојот татко“, во организација на Националниот совет за родова рамноправност, а по повод Светскиот ден на таткото, со свои творби учествуваа учениците Ева Танушевска и Никола Ивановски (од IX/1).

          На конкурсот за есеј, на тема „Климент Охридски и моќта на словото“, во организација на МОН, наши претставници беа есеите на учениците Јана Павлеска (IX/2), Јасна Јоанидис (IX/2), Ања Аксиќ (IX/2), Илона Богатинова (IX/1),Теа Стефановска (IX/1) и Тијана Огњаноска (IX/1).

          На 13.02. 2017 год. се реализира посета на театарската претстава „Силјан Штркот“, во МНТ, која е и планирана лектира за учениците од деветто одделение.

          Ученичките Марија Додовска и Тијана Огњаноска (од IX/1) освоија прва и втора награда на литературниот конкурс „Климентовата мисла и дело, наша сегашност и иднина“, во организација на Библиотеката „Браќа Миладиновци“.

          На 06.03.2017 год. беше организирана средба со нашиот писател Горјан Петревски и учениците од VIII и IX одделение.

          Учениците: Илона Богатинова, Дамјан Ивановски и Кирил Богданчевски беа дел од литературното творење, од Проектот „Градиме мостови“, во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“.

          Бевме домаќини на завршната манифестација, која се одржа во нашето училиште од Проектот „Градиме мостови“.

           На Литературниот конкурс „Недовршен расказ“ наши претставници беа творбите на учениците: Ања Реџовска, Теа Стефановска, Марија Додовска, Нина Димковска, Симона Атанасовска и Тијана Огњаноска.

        На Литературниот конкурс „Еврејската традиција, култура и историја како дел од македонското мултикултурно општество“ беа испратени творбите на ученичките: Мила Левкова (VI/2), Тијана Огњаноска (IX/1) и Марија Додовска (IX/1) која ја освои и првата награда.

      На Фестивалот за детско поетско творештво наши претстав- ници  претставници беа творбите од учениците: Ања Аксиќ, Тијана Огњаноска, Стефанија Арсовска, Мила Левкова, Симона Атанасовска, Теодора Величковска и Ања Реџовска.

         На Литературниот конкурс „Писменоста, образованието и народната мудрост се патоказ кон среќна и светла иднина“ беа освоени две награди, прва за ученичката Марија Додовска и втора награда за ученичката Тијана Огњаноска.

 Членови на секцијата со наставник-ментор Снежана Велкова

Настап на наградена ученичка на литературниот конкурс                                                                         

„Мојот татко“

Објавено на 28 09 2017