Одделенска настава

Проектот на УСАИД ,, Со читање до лидерство“ – Обука за креирање средина за учење „ Нашата училница – нашиот свет“

Уште една потврда дека во нашето училиште постојат вредни, креативни и позитивни колеги : Директор, стручни соработници, наставници, родители и ученици кои во пријатна атмосфера ја изразија својата креативност и креираа позитивна средина за учење.

На ден 20.02.2017 година беше одржана дисеминација на наставниците од I - V одделение во позитивна клима каде обучувачите ги пренесоа своите стекнати искуства од посетената обука во организација на Проектот на УСАИД.

Запознавање со принципите за креирање средина во која секое дете ќе биде поттикнато и мотивирано за учење;
• запознавање со важноста од создавање услови за поттикнување интеракција помеѓу учениците;
• споделување идеи за уредување на училница и создавање стимулативна средина за учење;
• преуредување на една училница во училиштето со лесно достапни материјали;
• споделување идеи за вклучување на родителите во креирање на средина за учење која е стимулативна за учениците.

Дисеминацијата ја спроведоа одделенските наставници: Жаклина Јагликовска, Билјана Лукановска, Мимоза Манчевска.

Објавено на 24 10 2017