Одделенска настава

Видови настава

Во основното училиште се реализира и проширена програма според Концепцијата за основно воспитание и образование.

Проширената програма на основното училиште опфаќа организирано прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнување на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на редовната настава, како и продолжен престој.

Основното училиште за учениците во прво, второ и трето одделение организира прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнувањето на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на наставата, во согласност со родителот.

Oсновното училиште организира и продолжен престој за учениците во групи во согласност со родителот.

За време на продолжениот престој учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски и учествуваат во културно – уметнички и други активности, согласно со Годишната програма за работа на училиштето.

ВИДОВИ НАСТАВА

Наставата овозможува да се остварат основните образовни и воспитни активности со учениците во училиштето. Во наставниот процес учениците на најорганизиран начин се стекнуваат со систем на знаења и умеења, им се овозможува да ги развиваат индивидуалните способности, да усвојуваат и формираат ставови и вредности.

Според Наставните планови, застапеноста на наставата во училиштето е прикажана со следнава шема:

Објавено на 24 10 2017