Одделенска настава

Едукативно предавање од Центарот за истражување и информирање за животна средина, "Еко свест"

На ден 19.09.2017 година група ученици од второ до петто одделение присуствуваа на едукативно предавање од Центарот за истражување и информирање за животна средина "Еко свест" кои го спроведоа Проектот, "City tree" во Македонија во рамки на кој се спроведува и едукативната програма ,, За зелен град “ со цел да се подигне јавната свест за аерозагадувањето во рана возраст како и кај академските граѓани.

Учениците со особено внимание го следеа предавањетo, научија која е намената на "City tree" , активно поставуваа прашања и учествуваа во дискусија.

Одделенски наставници:

Елизабета Даскалава, Теодора Ефремова, Жаклина Јагликовска и Билјана Лукановска.

 

Објавено на 24 10 2017