Одделенска настава

Здравствена заштита на животните со наслов „Биди негов херој“

На 20 септември 2017 година во просториите на училиштето беше одржан едукативен час од страна на стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство. Се работи за регионална кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните со наслов „Биди негов херој“. Целта е запознавање на учениците како да се постапува одговорно со домашни миленици, а истовремено како и самите да се заштитат од бездомните животни. Часот со голем интерес го следеа ученици од III одделение. Преку интересна презентација и активно учество, учениците добија многу корисни информации за карактеристиките на некои миленици и како треба одговорно да се грижат за нив. Дел од презентацијата беше и непосредниот контакт на учениците со домашно милениче - куче. Учениците имаа можност да увидат како љубовта кон него и одговорната грижа допринесуваат за здравјето на кучети, но и за неговата безгранична благодарност и приврзаност кон сопственикот.

Запознавајќи се со особините на милениците учениците ги продлабочија знаењта за особеностите на дел од животинскиот свет. Оваа тема е дел од содржините кои се изучуваат по предметот Природни науки .

На презентацијата учениците добија и соодветен, интересен едукативен материјал кој во наредните денови го задржа нивното внимание за темата која ја следеа.

Линк на Агенцијата за храна и ветеринарство:

http://www.fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=828:pocna-realizacijata-na-tretata-faza-od-regionalnata-kampanja-na-oie&catid=72&Itemid=114&lang=mk

 

Објавено на 24 10 2017