Одделенска настава

Работа со компјутери и основи на програмирање

Учениците од трето одделение во оваа учебна године започнуваат да го изучуваат предметот Работа со компјутери и основи на програмирање. Со цел поблиску да се запознаат со значењето на предметот а и да се побуди интерес кај нив за продлабочено запознавање на информатиката имаа можност да посетат една од пореномираните компјутерски компании во земјата. Им беше овозможено да прошетаат низ целата компанија и да се запознаат со сите активности во неа. На крајот присуствуваа на презентација за да се запознаат со основите на програмирањето преку објаснување на создавањето на една едноставна детска игра.


Објавено на 24 10 2017