Предметна настава

Музичко образование

Предметот музичко образование се изучува од VI – IX одделение со неделен фонд од еден час.

Во текот на изучувањето учениците ќе се запознаат со следните музички подрачја:

Вокална интрпретација:

- со цел да усвои нови песни со разновидна мелодија,различни по карактер и содржина, по слух и по ноти;

-да може да направи анализа на песните, да го открие тоналитетот

- да ги распознае нотните вредности, знаците за повторување,тактовата мера и сл.

- да применува правилна вокална интерпретација во соодветно темпо и динамика;

Музичка писменост

- Да се запознае со разновидни нотни вредности како и знаците за продолжување на нотните вредности.

- Да се запознае со повеќе дурски и молски тонски скали

- да се запознае со нерамноделните тактови како карактеристика на македонската народна музика,

- да знае што е темпо и видиви темпа

- да знае што е динамика и динамичките знаци

- да се запознае со знаците за повишување и снижување на тоновите.

Свирење на детски музички инструменти :

- Да свири ритмички вежби индивидуално и во групи;

- Да свири едноставни партитури со мелодиски и ритмички детски инструменти;

Народно музичко творештво:

- Да се запознае со поделбата на народните музички инструменти;

- Да дознае за градбата на народните инструменти,визуелно и аудитивно да ги разликува;

- Да се запознае со ораската традиција во Македонија

- Да знае за поделбата на народните ора на соборски и обредни

Музички форми:

- Да знае што е мотив и музичка фраза;

-Да ги воочи и препознае музичките реченици во периодот;

-Да дознае за мала дводлна песна и да ги воочи двата дела;

-Да дознае за мала триделна песка и да ги воочи трите дела;

Слушање музика:

- Да развива способности за целосно слушање на музичко дело;

- Да препознава и именува вид на музичка изведба;

- Да ги забележува и препознава сите изучени елементи од музичката писменост при слушање на музичката композиција како темпо, динамика и сл.

- Да се запознае со музички-сценските дела опера, оперета,балет и мјузикл и да ги разликува;

- Да се поттикнува да слуша музика;

- Да стекнува сознанија за животот и творештвото на одредени домашни и странски композитори;

Музички инструменти:

- Да се запознае со поделбата на музичките инструменти;

- Да дознае за карактеристиките на музичките инструменти;

- Да дознае за примената на музичкитеинструменти;

Вокална музика:

- Да ја усвои поделбата на видови пеачки гласови;

- Да ги разликува и именува пеачките гласови;

- Да ги разликува и именува вокалните ансамбли според видовите пеачки гласови.

Музичко изразување и творење:

- Да направи интеграција со сите теми : Пеење, Слушање музика Народно музичко творештво и Музичка писменост

Мандолински оркестар

Во нашето училиште од самото основање функционира училишен мандолински оркестар. Низ текот на сите изминати години оркестарот има остварено безброј настапи во училиштето и надвор од него. Има учествувано на општински, градски и државни натпревари при што секогаш има освојувано I место.Во него членуваат музички талентирани ученици кои имаат:

- Високо развиен слух

- Музичка меморија

- Развиено чувство за тоналитет ритам

- Концентрација при слушање и изведување музика

- Интелектуални и академски способности

- Комплетна музичка писменост(свирење по ноти)

За успешно музицирање потребна е интеракција на различни когнитивни, физички, емоционални и психосоцијални својства. Преку музицирањето во мандолинскиот оркестар учениците ги развиваат сите овие способности и се дружат.

Хор

Училишниот хор исто така има долгогодишна традиција и бројни настапи на разни пригоди и натпревари при што ина освоено многу награди и признанија. Во училишниот хор учествуваат музички надарени ученици кои се одликуваат со следниве карактеристики:

- општа интелектуална способност

- одредени академски способности

- високо развиен слух

- пеење по слух и по ноти

- музичка меморија

- сопствена интерпретација

- пренесување на личните доживувања

Објавено на 06 11 2017