Предметна настава

Настава по англиски јазик

Наставата по англиски јазик во нижите одделенија се заснова на мултисензорско учење, а тежиштето на работата е сведено на оспособување на ученикот слуховно и визуелно да ги препознава новите зборови, како и на усното искажување кое се поврзува со дадена ситуација преку игри, песни, драматизации и одбрани компјутерски програми или активности преку кои се поттикнува фантазијата и креативноста на ученикот. Воедно се воочуваат културните разлики и се развива социјализација и љубов кон јазикот.

Акцентот во наставата во вишите одделенија е ставен на комуникациската врска помеѓу наставникот и ученикот, која е императив за успех во наставата. Таа комуникација е непосредна, партнерска и творечка. Таа го деблокира и поттикнува ученикот да креира и размислува критички. На овие часови слободната дискусија и размена на идеи во демократска атмосфера е носечки пристап.

Објавено на 06 11 2017