Предметна настава

ОБЕЗБЕДИ ЖИВОТ НА ОСТРОВ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

На ден 26.04.2017 година беше презентиран проектот „Обезбеди живот на остров со користење на обновливи извори на енергија ". Овој проект беше изработен и презентиран од група ученици од IX одделение, се со цел да се даде печат на тоа дека користењето на обновливите извори на енергија е единствениот начин да се спречат климатските промени на глобално ниво. Имено, учениците покажаа како еден остров може да функционира и да обезбеди услови за живот само преку искористување на обновливите извори на енергија: водата, ветерот, сончевата енергија и топлинската енергија на гејзерите. Во прилог Ви го доставуваме нивниот проект.

Објавено на 06 11 2017