Предметна настава

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ЗАВИСНОСТ НА ИНТЕРНЕТ“

На 7.11 2017 година со почеток од 13.00 часот во просториите на ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“- Скопје,во кабинетот по Математика се одржа предавање од страна на претставник од невладината организација „Хера“ на тема „Зависност од Интернет“.

На предавањето присуствуваа 30 ученици од 8 и 9 одделени. Учениците внимателно го следее предавањето и  беа активни учесници во ова предавање давајќи свои размислувања и заклучоци поврзани со оваа тема. 

Како договор од ова предавање е овие ученици да направат кратка дисиминација на оваа тема на часот на Одделенската заедница во своеото одделение со цел да се даде акцент на оваа важна тема и сите ученици да бидат запознаени и на помемт поттикнати да направат нешто добро за себе.

Одговорен наставник: Даниела Нацев

Објавено на 09 11 2017