ПРОЕКТИ

Учиме и растеме со театар

Проектот „Учиме и растеме со театар“ се одвива во ООУ Јохан Хајнрих Песталоци” и истиот е поддржан од Општина Центар.

Главната цел на проектот е интегрирање на креативниот начин на учење, односно играта како начин на ефикасно учење и развивање на соработка помеѓу јавниот сектор односно образованието и уметниците.
 

Колектив Ветерница и Тања Веда (професор по математика) преку театарски престави и креативни работилници по математика ќе им помогнат на учениците од прво до петто одделение полесно да ги совладаат содржините по математика.

За учениците од шесто до деветто одделение, овозможени се работилници по танцов театар кои имаат за цел да ја доближат темата на пубертетот и на суптилен и индиректен начин да ги едуцираат децата за сите биолошки и емотивни промени кои им се случуваат во овој период. 


Објавено на 16 11 2017