Одделенска настава

Работилница од областа на драмската уметност

Во рамките на Проектот„Учиме и растеме со театар“, одобрен од Општина Центар, во нашето училиште ќе се одвиваат активности од областа на драмската уметност со Колектив Ветерница и Тања Веда. Во Проектот е предвидено прикажување на претставата „Волшебен свет“ во времетраење од 30 мин.

Исто така се предвидени и креативни работилници по математика со секоја паралелка посебно од прво до петто одделение во времетраење од 45 минути.

Претставата и работилниците ги реализираат колектив Ветерница и Тања Веда(професор по математика).

Активностите ќе се одвиваат во временски интервал од два месеци, почнувајќи од 2. 11.2017г. (четврток).

Првата изведба на претставата се одржа на 2.11.2017 г.и беше наменета за второ одделение.

Втората изведба беше на 3.11.2017г.(петок), за трето одделение.

Третата изведба беше на 9.11.2017г.(четврток), за четврто одделение.

Четвртата изведба беше на 10.11.2017г.(петок), за петто одделение.

Време на реализација 13.15часот во свечената сала.

Термините за одржување на  кративните работилници по математика ќе бидат договорени по завршување со прикажувањето на претставата.

Извештајот го подготвија учениците:Миа Ивановска, Мила Блажева, Марија Петрова, Јован Колевски, Јана Поповска, Јана Бужаровска и Марта Христова, со предметниот наставник по македонски јазик- Ана Георгиева

Линк:

Учениците од “Песталоци” учат математика преку театарска претстава

Објавено на 17 11 2017