Предметна настава

Интернационален Ден на детето

По повод интернационалниот Ден на детето, 20-ти Ноември, ПСУ Алгоритам Центар организира хуманитарен настан во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Учениците и тимот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје, одговорија на поканата за соработка и учествуваа на овој настан.  Учениците собраа донација од училиштен прибор (боенки и боички, книги, тетратки и слично) и играчки (за помалите деца во болницата).

На 17-ти ноември, собраните средства три ученика од деветто одделение, како и Весна Шуркова, претставник од Училиштето, ги доставија до гимназијата ПСУ Алгоритам Центар. Истите претставници во гимназијата присуствуваа на кратка едукативна работилница за време на која беа сортирани донациите и се одржа кратка презентација за историјата на интернационалниот Ден на детето.

На самиот ден, 20-ти Ноември, беше посетен клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од наши ученици и претставник на Училиштето, заедно со ученици од ПСУ Алгоритам Центар.

Цел на овој настан е едуцирање на младите и подигнување на колективната свест дека на овие деца треба да им пружиме помош и внимание.

Во училиштето се организираа активности со цел потсетување на учениците за Конвенцијата на ООН за правата на детето, на часот на одделенската заедница. Учениците ги изразуваа своите желби, изработија видео-клипови на тема „Што ќе направиш за сите деца ако завладееш со Светот?“  и со тоа учествуваа во одбележувањето на Денот на децата од Македонија. 

 

 

Објавено на 22 11 2017