Предметна настава

„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ - Родителот е наставник -

„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ - Родителот е наставник -

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука, насловен како „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, во паралалката шесто -два се реализира активноста „Родителот - наставник“. Цел и фокус на овој проект се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо - културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и дружење со родителите и наставниците.

Активноста беше одржана на 20.11.2017 г. за време на часот на одделенска заедница. Учениците од VI-2 имаа можност да се запознаат со постоењето на Светска недела за подигање на свеста за употреба на антибиотици (WAAW), како и 18 ноември - Европски ден за борба против антимикробната резистенција.

Родителот, Д-р Билјана Какараскоска Боцеска, специјалист микробиолог од Институтот за јавно здравје на РМ, ги запозна учениците со значењето на овие датуми и ги внесе учениците во светот на микроорганизмите. Раскажувајќи инсерти од нејзиното професионално секојдневие, учениците ги надополнија своите знаења за живиот микросвет и слушнаа интересни факти за бактериите и вирусите. Главниот акцент на презентацијата беше свртен кон антибиотиците, нивната полза за здравјето на човекот но и опасноста од нивната несоодветна и прекумерна употреба. Учениците научија како правилно се мијат рацете, како да се заштитат во сезона на вируси и бактерии, но научија и што е резистентност и сензитивност на бактериите кон антибиотици, кои се активности се преземаат против развојот на отпорноста кон антибиотици.... Секој ученик доби подарок, сувенир со чај во епрувета, кој ќе биде нивни потсетник за правилна грижа за себе.

Проектот овозможува зајакнување на врската родител - ученик – наставник, што пак значи, јакнење на воспитната компонента преку учење на учениците да дадат свој придонес и повратна информација за вложениот труд.

Извештајот го изготви

Билјана Стојаноска,

раководител на паралелка VI-2

 

Објавено на 30 11 2017