Одделенска настава

И јас сум Дедо Мраз

Здружението за хумано-општествен развој  Проект "Среќа" се бави со проекти кои ја поттикнуваат општествената одговорност и филантропијата кај бизнис секторот и населението. Во годишната програма има доста проекти кои се реализираат секоја година, како ,,Среќно матуранти,, , Летен камп за деца во социјален ризик", ,,Шарено лето,, ,  "Проект за донирање и собирање на школски прибори за деца во социјален ризик ,, Среќна школска година,, и тн.

Актуелниот проект кој се однесува на донирање на новогодишни подароци за деца во социјален ризик, ,, И јас сум Дедо Мраз,, се однесува на деца кои живеат во семејства, не во институции, но живеат во сиромаштија.

Се собираат подароци за повеќе од 350 деца. Акцијата се одвива на социјалните мрежи, а одзивот е огромен. Се приклучуваат голем број јавни личности, компании и физички лица.

Еден од највпечатливите моменти во акцијата е донирањето на подароци од целата паралелка на ученици од II - 4  од ООУ " Ј Х Песталоци" - Скопје

 

Објавено на 14 12 2017