Музичка секција

Новогодишен концерт

По повод Новата Година во нашето училиште се одржа Новогодишен концерт на кој настапи Мандолинскиот оркестар од ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ и подмладокот на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ .

Публиката имаше можност да ужива во префинетата интерпретација на „О соле мио“ , „Билјана платно белеше“, „Торна е суриенто“ , „Илино моме“ , „Дунавски валови“ , „Каде песно моја“ , „Марика мома убава“, „Танго Евора“, „Мисета“.

Гостин на концертот беше тенорот Илија Белистојаноски кој со својот прекратсен глас го збогати концертот.

Голема благодарност до маестро Рамадан Шукри за подршката и идејата за вакви убави настани каде учениците се дружат и уживаат во создавањето на  музиката.

Објавено на 30 12 2017