НАТПРЕВАРИ

Бесплатен семестрален курс по германски јазик стипендиран од Гете-институт Скопје

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје има десетгодишна соработка со Гете-институтот Скопје и секоја година, како и оваа година, додели десет стипендии за семестрален курс по германски јазик. Наградените ученици се од деветто одделение, и тоа: Мила Савеска, Никола Ѓорѓиевски, Моника Тодоровска, Нестор Балов, Ивана Димитровска, Ана Трифуновска, Марко Јосифовски, Елена Карчицка, Борис Филев, Јана Перушеска кои ќе имаат можност да ги прошируваат своите познавања од германскиот јазик. Најдобрите двајца од овие десет ученици наскоро ќе се здобијат со целосна стипендија за посета на јазичен курс во Германија, во Хоебух, во близина на Франкфурт, во периодот од 08.-28.07.2018 година. Вредноста на една стипендија изнесува 3.050 €. За таа цел учениците го полагаа испитот за млади ФИТ 2 на ден 23.01.2017 со почеток, во просториите на Гете-институт Скопје каде имаа можност да ги покажат своите знаења по германски јазик. Резултатите од испитот ќе бидат пресудни за изборот на стипендистите. Сертификатот од успешно положениот испит за млади ФИТ 2  учениците може да го користат како доказ за познавање на јазикот на ниво А2 според европската референтна рамка за јазици. Истиот е признат во целиот свет и нема органичен рок на важност. Редовната цена на испитот е 2.100 МКД, а наградените ученици истиот ќе го полагаат бесплатно.

Одговорен наставник

Благородна Наумоска

Објавено на 25 01 2018