НАТПРЕВАРИ

Резултати од испитот за млади Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch

Учениците од деветто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје, посетуваа бесплатен семестрален курс по германски јазик, стипендиран од Гете-институтот Скопје. Потоа полагаа испит за млади Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch, кој се одржа на ден 23.01.2018 година, а истиот го положија:

1. Ана Трифуновска 

2. Марко Јосифовски 

3. Мила Савеска 

4. Нестор Балов 

5. Елена Карчицка 

6. Јана Перушеска 

7. Борис Фенев 

8. Моника Тодоровска 

Учениците Ана Трифуновска и Марко Јосифовски покажаа најдобри резултати на тестирањето и на истите Гете-институт Скопје, им доделува целосна стипендија за посета на јазичен курс за млади во Германија, во местото Хоебух (Hohebuch) во покраината Баден-Виртемберг, во близина на Франкфурт, во периодот од 08.-28.07.2018 година. Една стипендија е во вредност од 3.050 €. На учениците ќе им биде доделен и сертификат за положениот испит кој ќе можат да го користат како доказ за познавање на јазикот на ниво А2,  според европската референтна рамка за јазици.Учениците заедно со нивните родители, во просториите на Гете-институт, во текот на оваа недела подетално ќе бидат информирани за курсот во Германија. На сите ученици им го честитаме покажаниот успех. Одговорен наставник: Благородна Наумоска

Објавено на 31 01 2018