НАТПРЕВАРИ

Општински натпревар по географија

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје учествуваше  на Општинскиот натпревар по геграфија  за  учениците од основното образование, кој се одржа на 10.02.2018 година (сабота) во ООУ„ Лазо Трповски “- Карпош,  Скопје.

На натпреварот учествуваа 2 ученика од седмо одделение на кое Неделковска Ева освои прво место, а Станоеска Нина второ место.  

Со тоа двете ученички обезбедија пласман на регионалниот натпревар.

Регионалниот натпревар се одржа на 17.03.2018 година (сабота) во СГУС „Васил Антевски Дрен“, Кисела Вода, на кое особено се истакна Станоеска Нина по своите знаења, и освои трето место. Таа се стекна со право на учество на државниот натпревар.

 

Објавено на 03 04 2018