Предметна настава

СВЕТСКИТЕ ДЕНОВИ НА АКЦИЈА 2018

По повод  повикот за вклучување во СВЕТСКИТЕ ДЕНОВИ НА АКЦИЈА 2018 на ЕКО УЧИЛИШТА, на ден 20.04.2018 година, нашето училиште, „ Јохан Хајнрих Песталоци“,  учествуваше со своја активност. На тој ден во целиот свет се изведуваат безброј активности кои имаа цел подигнување на свеста за 17-те цели за одржлив развој. И активноста која се одржа во нашето училиште имаше цел - да се подигне ЕКО свеста кај учениците.

На тој ден во нашето училиште беше организирано еколошко едукативно предавање од областа „Обновливи извори на енергија“  кои се дел од 17-те цели за одржлив развој. 

На ова предавање накратко се обрна внимание на видовите обновливи извори на енергија, а главната цел беше презентирање на најновите видови уреди кои работат користејќи ги обновливите извори на енергија. Посебно внимание се обрна на новите сончеви панели наречени „Сончогледи“  и нивната моќност, новите спирални ветерници, прототиповите од сончевите панели кои ќе можат и капките дожд да ги претворат во електрична енергија. Следеше презентирање на луксузен комплекс на Малдивите кој целосно функционира користејќи ја енергијата од сончеви панели кои се дел од луксузниот изглед на овој комплекс.

https://www.youtube.com/watch?v=pdkFT00lsys

https://www.youtube.com/watch?v=btdX8QdbyRQ

https://www.youtube.com/watch?v=2lmDgsVzQ7A

Објавено на 27 04 2018