Предметна настава

Што се човекови права

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ зеде активно учество на работилницата на тема  „Што се тоа човекови права“. Работилницата се одржа на 20.04.2018 година во организација на „Дебатниот клуб“ организиран од педагогот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Центар, Скопје. Истата, се одржа во салата на Советот на Општина Центар, а учество земаа ученици од VIII и IX одделение од сите основни училишта во Општина Центар.

Учениците имаа можност да гледаат видеа на кои се прикажани човековите права, а потоа преку дискусија во мешани групи да дојдат до заклучок кој ќе го споделат со останатите групи.

Работилницата беше едукативна и забавна, а нашите ученици се истакнаа со знаење и ораторство.

На работилницата учествуваа: Теодора Тодорова и Ирма Хасиќ од IX 3 одделение, Елена Карчицка од IX 2 одделение и Сара Јагликовска и Андреа Теофилова од VIII 2 одделение.

Објавено на 05 05 2018