НОВОСТИ

Пет иновации за економично искористување на енергијата

На 05.06.2018г , во Училиштето "Ј.Х.Песталоци" се одржа стручно предавање од областа електроника и електротехника. Предавањето го одржа младиот иноватор од Скопје, Михаил Арсовски. Михаил, е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот" Св.Кирил и Методиј" во Скопје, од насоката, енергетика- автоматизација и обновливи извори на енергија. Михаил, ги презенрираше неговите пет иновации пред учениците од деветто одд. и наставниците: Цветанка Илиоска по предметот Физика и Ана Георгиева по преднетот Македонски јазик. Неговите инспиративни презентации со кои е познат во земјава и регионот беа поттик за учениците од Песталоци како идни иноватори.

Објавено на 14 06 2018