НОВОСТИ

Доделување награди по повод 24-Мај, Денот на Словенските просветители Св Кирил и Методиј

На 18.05.2018г, во просториите на библиотеката „Другарче“ во состав на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, се одржа пригодна свеченост со приредба и доделување награди на наградени ученици што учествуваа на литературниот конкурс „24-Мај празник на писменоста, духовноста и народната мудрост“

Наградите ги додели Стручниот тим од литературни дејци при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Наградени ученици од нашето училиште се:

- Делфина Денковска VI 2 одд. прва награда Ментор-Снежана Велкова

- Миа Николовска VIII2 одд;  втора награда  Ментор-Ана Георгиева

- Сара Јагликовска VIII2 одд; втора награда    Ментор –Ана Георгиева

Еве дел од убавата атмосфера и врачување на наградите:

 

Прилогот го подготви:Ана Георгиева-наставник по македонски јазик

Објавено на 18 06 2018