НОВОСТИ

Награден конкурс „Еко пакет Македонија“

На 6 јуни 2018 година (среда) се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“ во холот на Младинскиот Културен Центар во Скопје. На овогодинешниот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 39 основни еко училиште со зелено знаме и 8 основни еко училиште со сребрено ниво со преку 95 уметнички дела изработени од селектирана Тетра пак амбалажа на тема „Зелен траспорт“.

Комисијата за наградување додели прво, второ и трето место, една награда во категорија најкреативен пристап на изработка и награда TrashForArt која ја додели Пакомак.

Нашето училиште доби пофалница за учество.

Објавено на 04 07 2018