НОВОСТИ

ОOУ „Ј.Х.Песталоци„ доби грант од програмата Еразмус + за учество на обуки

Нашите наставници ќе земат учество на обуки за модернизација на наставниот процес преку подобрување на ИКТ вештините.

OOУ „Ј.Х.Песталоци„ доби грант од програмата Еразмус + за учество на обуки за модернизација на наставниот процес преку подобрување на ИКТ вештините на наставниот кадар ,со практичен пристап кон користење современи технологии во училницата како Интерактивна табла (IWBs), аудио & видео ресурси, викија, блогови, подкасти, активности во социјалните медиуми.

Преку обуките, нашите едукатори ќе имаат можност за развивање на конкретни наставни проекти (мултимедијални содржини, ресурси и комбинирани часови) кои ќе се применуваат во училницата.

Интеграцијата на ИКТ алатките во наставата и образованието го поттикнува унапредувањето на образовниот процес и ја подобрува дигиталната писменост во образованието.

Објавено на 03 09 2018