ТОП ВЕСТИ

Европската недела на мобилност

Нашето училиште „Јохан Хајнрих Песталоци”, во соработка со Здружението на граѓани „Еко Логик” - Скопје, се вклучи во одбележувањето на манифестацијата „Европската недела на мобилност“.

Секој ден, учениците заедно со наставниците имаа одредени активности, сè со цел промовирање алтернативна мобилност и потреба од физичка активност за здрав и продуктивен живот.  Започнавме со делење флаери на влезовите од училиштето со цел запознавање со активностите во неделата што претстои. Потоа беше направен план, наредните денови учениците од повисоките одделенија да дојдат со алтернативен превоз во училиште ( велосипед, тротинет, скирол, а некои од нив, пеш).  Вториот ден, доаѓаа осмите и деветтите одделенија, а третиот ден седмите одделенија. Во текот на третиот ден се реализираа одредени Вело-вежби во училиштниот двор.  Во оваа активност беа вклучени ученици од седмо, осмо и деветто одделение.  Се изведуваа игри „Спори трки”, каде учениците требаше на најспортски начин да стигнат до целта, при тоа ниту еднаш да не го допрат подот. Втората вежба се изведуваше по кружна патека, која беше обележана со конуси.  Оваа активност не беше од натпреварувачки карактер.  Четвртиот ден, активноста ја превземаа учениците од шесто одделение. Тие требаа да учествуваат со алтернативен превоз. Последниот ден, беше предвиден за учениците од одделенска настава. Тие требаше да дојдат пеш до училиштето заедно со нивните родители. Потоа за време на петтиот час во наставничката канцеларија се одржа ликовно творење на тема „Велосипед од соништата“. Учениците од седмо, осмо и деветто одделение учествуваа и во Големото велосипедско дефиле, каде од Градскиот плоштад, Порта Македонија возеа до Школката во Градскиот парк. Завршна активност во одбележување на манифестацијата „Европската недела на мобилност“, беше учеството на најмалите ученици. Тие и се приклучија на Еко-акцијата со собирање на отпадокот од училиштниот двор.

Објавено на 24 09 2018