НОВОСТИ

Општина Центар и оваа година ги награди талентираните ученици

Тројца ученици од нашето училиште добија стипендија

Општина Центар и оваа година продолжува со грижата и ги наградува талентираните ученици од основните општински училишта.

Тројца ученици од нашето училиште добија стипендија врз основа на резултатите кои учениците добитници ги постигнаа со континуираниот одличен успех, но и стекнатите високи места на различните натпревари на кои учествуваа.

На овие ученици им честитаме и им посакуваме и понатамошен успех.

Објавено на 04 10 2018