НОВОСТИ

Три наши наставнички држеа обука на наставниците од основните училишта на општина Центар за ЕРАЗМУС+ програмата

Обука за апликации на ЕРАЗМУС програмата

Наставниците од основните училишта на општина Центар на 22.09.2018 година беа дел од обуката за подготовка на апликација за ЕРАЗМУС програмата за образование.

Тие имаа можност да се запознаат со потребните алатки за изготвување на апликацијата, но и практично да поработат на истата.

Обуката ја реализираа наши наставници – Бранка Димевска Коцева, Симона Мирчевска и Билјана Стојаноска.

Нашето училиште оваа година беше добитник на грант од оваа програма, па реши во соработка со Општината да реализираат низа од неколку обука каде на останатите училишта од Општината ќе им го објаснат патот до добивање на апликација за ЕРАЗМУС+ програмата.

Имавме посета и од самиот градоначалник, кој ги охрабри наставниците да ги користат овие европски грантови и нивните придобивки.

Ова е прва од серијата од три обуки за подготовка на ЕРАЗМУС проекти што ги реализира општина Центар за наставниците од нашите основни училишта.

Објавено на 04 10 2018