НОВОСТИ

Сочни фигури 2018

На ден 16.10.2018 беше одржан Осмиот по ред фестивал на фигури од овошје и зеленчук насловен како ,, Сочни фигури 2018 “. Настанот се случуваше во ДСУ. ,, Св.Наум Охридски ‘’ Скопје на кој учествуваа деца од повеќе училишта од градот и државата.

Оваа година традиционално учество зеде и нашето училиште.

Овојпат учениците Борјан Брзаковски V3, Леона Димовска V3, Ема Чадиева IV1, Јована ГеоргиевскаIV1, Луна Гирова II2, Милошевиќ Стефан II2 и Савева Ева од I1, изработија етно композиција од  тикви со цел да ја пренесат пораката дека тиквата не само што е здрава храна , туку е и интересна за креативно обликување .

Присутните беа воодушевени од креативноста и инвентивноста од изработките.

На државно ниво нашето училиште освои трето место.

 

Ментори: Елизабета Даскалова, Евдокија Петрушевска, Билјана Лукановска, Маргарет Пејовска.

Објавено на 18 10 2018