НОВОСТИ

Доделување награди по повод XI литературен конкурс во чест на Св. Климент Охридски

На  ден 4.12.2018г., ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, во просториите на подрачната библиотека „Другарче“ по 11-ти пат организира литературен натпревар(конкурс) на тема „Моќта на читањето-Климентова жива сила“.

Натпреварот се одржа по повод одбележувањето на денот на„ Св.Климент Охридски“, ученик на Св Кирил и Методиј и основач на првиот сесловенски универзитет во Охрид-центарот на културните и творечките збиднувања на европското небо во IX век.

Добитници на прва награда  од нашето училиште се ученичките:

Деа Деспотовска VI 3 одд.

Сара Јагликовска IX 2 одд.

Ментор на двете првонаградени ученички е наставничката по македонски јазик ,Ана Георгиева.

Еве дел од прекрасната атмосфера на доделување дипломи и културно-забавната манифестација:

Објавено на 05 12 2018