Музичка секција

Биофилија

Организација на Музичка младина на Македонија, а под покровителство на Министерството за култура на РМ и Светската федерацина на Музичка младина се во нашето училиште се реализираше проектот „БИОФИЛИЈА“- едукативен проект посветен на младите од основните училишта кој го опфаќа музичкото и информатичкото знаење на учениците.

Водител на овој проект беше познатиот педагог РАГНА СКИНЕР од Исланд која беше наш гостин и едукатор.

Цел на проектот

Нордискиот едукативен проект „Биофилија“  се основа на КРЕАТИВНОСТА како основна алатка за истражување и подучување музика. Во овој проект музиката, науката и технологијата се взаемно поврзани на иновативен начин, инспирирајќи ги децата да ја истражуваат својата креативност преку новите технологии.

Опис на проектот

„Бифилија“ едукативниот проект се базира врз седмиот студиски албум на Исландската пејачка Бјорк. Тоа е концептуален албум кој ги истажува врските помеѓу природата, музиката и технологијата. Изграден како првиот „app album“ Биофилија е мултимедијален проект издаден заедно со серија апликации. . Овој албум е проследен со серија едукативни работилници на 4 континенти.

Во проектот беа опфатени ученици од седмо одделение.

Насавници кои учествуваа во проектот се Татјана Таневска и Цветенка Илиевска.

„Биофилија“ едукативниот проект досега е имплементиран во 8 држави низ 33 училиштаво 51 образовни и културни институции, во соработка со 147 наставници и 4354 ученици.

Објавено на 13 12 2018