Драмска секција

Литературно читање по повод 75- годишнината од смртта на Кочо Рацин

На ден 11.12.2018г. во просториите на ООУ„Кочо Рацин“ Скопје, се одржа литературно читање насловено како „Со љубов за Рацин“ на кое со свои поетски и прозни творби, учествуваа ученици од училиштето- домаќин како и ученици од повеќе основни училишта на ниво на општина Центар.

Покрај учениците, на манифестацијата присуствуваа и членови од издавачката куќа„Детска радост“ од Скопје меѓу кои: уредници на детските списанија, поети и писатели.

Учениците со своите творби ни се претставија како млади поети-творци, вљубеници во творештвото на овој наш истакнат литературен деец и борец за слобода.Напишаа песни и прозни творби во кои се гледа дека и по 75 години Рацин е сè уште меѓу нас. Во нашите мисли, во нашите срца одекнуваат неговите песни и пораки за слободна Македонија.

Литературното читање прерасна во прекрасна дружба и интерактивна комуникација меѓу претставниците од „Детска радост“, учениците и самите наставници одговорни за манифестацијата.

Од нашето училиште се претстави Деа Деспотовска VI 3 одд. со првонаградената прозна творба на литературниот конкурсот  за Св. Климент Охридски во организација на Градска библиотека„Браќа Миладиновци“ Скопје.

Завршен збор на оваа манифестација зема Директорот на Училиштето кој ги поздрави и им се зблагодари на сите гости и учесници и им подели благодарници на учениците и нивниоте ментори за учеството.

Еве дел од прекрасната атмосфера која е само доказ повеќе дека нашите македонски поети од рангот на Рацин и останатите се поттик и непресушна инспирација за младите генерации да пишуваат , творат и да дадат допринос за својата татковина.

 

Прилогот го подготви:

Ана Георгиева-наставник по македонски јазик

Објавено на 14 12 2018