Драмска секција

Учество на дебатна емисија МЕДИАТЕКА во МРТВ

На ден 13.12.2018г, учениците од нашето училиште учествуваа на дебатната емисија во МРТВ на тема:YOU TUBE-јутубери, гејмери,влогери.

Целта на емисијата беше преку разговори со учениците, нивните ставови и размислувања во врска со виртуелниот свет на новите-технологии и море од информации што ги нудат тие,  да се потрудат преку информации од стручни лица од оваа област, да си помогнат, дигиталната технологија да  биде во нивна полза.

Се дојде до заклучок дека тоа е можно единствено преку медиумско описменување бидејќи на децата им е потребно образование за медиумите.

Покрај ученици од нашето училиште, имаше и ученици од гимназијата „Орце Николов“, а  гостин во студиото беше Изабела Пан,позната јутуберка на нашите простори и студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Водителот на емисијата водеше спонтан разговор со Изабела како стручњак од оваа област и учениците на кои им поставуваше прашања од типот: дали користат Јутјуб и за што го користат,дали го кортистат за некоја училишна задача или за некоја практична работа кога не знаат да направат нешто сами на пр. апликација на мобилен телефон и сл..Потоа водителот поставуваше прашања за целта на овој канал дали е повеќе за забава или едукација, на што свое видување и објаснување даде Изабела.Следеа многу прашања од типот: Кој сè може да објавува видеа на Јутјуб и како се прави тоа, потоа дали знаат што се влогери и која е разликата меѓу влогерите и јутјуберите, која е тајната на еден успешен јутјубер дали талентот или напорната работа, како и прашања за содржините на видеата што се постираат на јутјуб дали се дозволени и достапни за нивната возраст и како да се заштитат од видеа со недолична и агресивна содржина.

Учениците покажаа голем интерес за оваа област и активно одговараа на поставените прашања со свои ставови и практични примери.

Самиот разговор ги насочи на размислување дека е потребна медиумска писменост не само за децата-ученици туку и за родителите.Исто така потребна е и едукација во училиштата за развивање самосвест и за препознвање лошо-добро.

Прилогот ќе го завршам со цитатаот на водителот кој оди вака:

„Јутјуб е моќна алатка, мал„телевизор“ в џеб.Достапен секаде и во секое време.Широка платформа со разновидни жанрови и содржини.Секој може да одбере што ќе гледа во слободно време.Да се надеваме дека во иднина ќе стане позаштитена, а младите посамосвесни, медиумски писмени и повнимателни во користењето.“

 

Прилогот го подготви:

Ана Георгиева –наставник по македонски јазик

Објавено на 14 12 2018