НАТПРЕВАРИ

Избран најбав постер на ученик од четврто одделение

Македонската асоцијација за развивање игри - МАГДА по седми пат организираше натпревар за избор на постер за Глобал Гејмџем Македонија 2019.

На натпреварот можеа да учествуваат и малолетници ( со дозвола од родителите).

Постерот требаше да биде изработен во дигитална форма без да се грижат учесниците за резолуцијата или размерот, туку да го направат она што им „лежи на душа“.

Пријавените постери беа објавени на Фејсбук страната на МАГДА.

Од сите пријавени постери стручно жири одбра неколку најдобри кои беа понудени за финално гласање.

Победник на натпреварот за постер на Глобал Гејмџем Македонија 2019 со над 50% од гласовите беше Кипријан Цеков ( стои името на неговиот татко Бранко Ценков бидејки ученикот нема Фејсбук) ученик во IV/1 одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје.

Освен паричната награда неговиот постер ќе биде официјалниот ГГЈМ 2019 постер и ќе биде испечатен и излепен низ Скопје и Битола.

НАГРАДЕНИ НАСТАВНИЦИ И УЧИЛИШТА

http://www.fosm.mk/mk/Home/NewsAndActivity?newsID=12659&catID=7&fbclid=IwAR0vLbng1c0wzRJlptZwHfK52aD-qgFL1WPJjk2qXg8giArzEKNS1xtaIn8

Објавено на 27 12 2018