НОВОСТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ИЗВРШЕНА ДИСИМИНАЦИЈА НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТИТЕ НА НИВО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во период од 15.04 - 17.04 2019 година во Канцеларијата за Млади на Општина Центар се изврши дисеминација на Еразмус + проектите - мобилност на наставници.  Носители на овој проект се тимот на наставници од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје. Тие на своите колеги од 6 основни училишта од Општина Центар ги пренесоа своите знаења и стекнати вештини во текот на нивната мобилност како и искуствата од примената на истите во наставата. 

Извршените дисиминации беа на тема - Современа настава со примена на ИКТ технологија во насока на:

-          зголемена креативност и мотивираност

-          градење на вештини и компетенции на 21-от век  кај учениците

-          активност за време на часовите

-          постигнување на повисоки цели на часот

со примена на голем број едукативни образовни платформи и  апликации.

 

Обучувачи:

Биљана Чешларова

Марија Гаврилоски

Даниела Нацев

Цветанка Илиоска

Бранка Ивановска Блажевска

Татјана Шекеринова

Катерина Данилоска Поповска

Ана Митровска

Билјана Стојаноска

Влатко Трошански

Симона Мирчевска

Бранка Димевска Коцева

Објавено на 22 04 2019