НОВОСТИ

Ученици од нашето училиште на отворањето на Детскиот фестивал за слика и филм БУФ

БУФ фестивалот секоја година се организира од страна на Гете-Институт Скопје

На 15-ти овој месец, учениците од IX-1 одделение, заедно со нивната наставничка по германски јазик Симона Мирчевска присуствуваа на отворањето на осмиот по ред Детски фестивал за слика и филм- БУФ во Кинотека на Македонија.

На фестивалот се прикажаа 5 висококвалитетни германски филмови, во оригинал со превод на македонски јазик, наменети за деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Нашите ученици го следеа филмот „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“.

Одговорен наставник: Симона Мирчевска

Објавено на 23 04 2019