НОВОСТИ

Детски фестивал за литература и илустрации-„Литера“

На 13 и 14 .04.2019г во просториите на Музејот за современа уметност на град Скопје, се одржа детскиот фестивал за литература и илустрации –„Литера“.

На овој фестивал учествуваа учениците од ООУ „Ј.Х.Песталоци“ од одделенска и предметна настава.

Во рамките на фестивалот се одржаа повеќе креативни работилници за деца , менторирани од авторите: Билјана Црвенковска, Елизабета Баковска, Маја Веселиновиќ, Ана Кадоиќ и Катерина Тери Николовска.Беше промовирана и  новата книга на Ване Костуранов„Девојче и мече“.На фестивалот беа претставени дела од најдобрите илустратори и писатели за деца од Македонија и регионот.Покрај креативните работилници во кои учествуваа и учениците од нашето училиште со свои изработки кои се состоеја од пишан збор и илустрација,се одржа  една дебата и три невообичаени изложби.

Во време кога мобилните телефони и таблетите ги заменија книгите во детските раце,на Скопје дефинитивно му требаше  еден ваков настан.

Идејата на фестивалот беше не само да се промовираат најновите изданија за деца, туку и да се поттикне дебата за значењето на литературата и илустрацијата во правилниот, креативен и интелектуален развој на нашите деца.

Фестивалот понуди шаренило од интересни и корисни содржини  за децата, но  и за возрасните.

Присутните гости , меѓу кои повеќето родители за миг влегоа во детското царство и се  вратија во едно време на безгрижност, другарување , весели лица и детска смеа.

Прилогот го подготвија: наставничката по македонски јазик- Ана Георгиева, активот по македонски јаз со колешката Зорица Патарова и колешките од одделенска настава.

Објавено на 05 05 2019