НАТПРЕВАРИ

НАТПРЕВАР – WORLD SCHOLAR’S CUP

На 23-24 април 2019 година, во просториите на приватното училиште „Јахја Кемал, Скопје“ се одржа меѓународниот натпревар World Scholar’s Cup. На овој натпревар учествуваа два тима од тројца ученици. Сите шест ученици се на 11 годишна возраст и се ученици во V2 одделение во ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци”. Заедно со нивниот наставник по англиски јазик, Билјана Стојаноска, За прв пат, Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ и Сара Кнежевиќ, како еден тим, и Теона Боглев, Дамјан Стојановски и Лука Чашуле, како втор тим, се натпреваруваа во конкуренција со ученици до 13 годишна возраст, во три дисциплини на англиски јазик: тимски дебати, тестови по знаење во различни области (Историја, Природни науки, Музика и Уметност, Литература, општествени науки) и пишување есеи. Во силна конкуренција (на регионалниот натпревар во Скопје учествуваа 503 ученици од 24 основни и средни училишта) првиот тим се пласираше на петтото место од јуниорите и освои пехар, а за индивидуалните резултати сите освоија златни и сребрени медали. Со пласманот, првиот тим, се квалификува за учество на глобалниот натпревар World Scholar’s Cup, кој оваа година ќе се одржи на пет различни локации во Светот (Пекинг, Астана, Сиднеј, Хаг, Манила или Дурбан).

На овој натпревар учениците имаа можност да ги подобрат своите знаења и да стекнат дополнителни вештини (лидерски вештини, зголемување на нивниот капацитет за дебата, подобрување на нивната критичка мисла, развивање на здрав натпреварувачки дух, интеркултурно друшење со ученици од цел свет, унапредување на јазичните вештини и сл.) кои секако би им користеле во нивниот понатамошен образовен процес и позитивно би влијаеле врз натамошното развивање и стимулирање на нивниот талент.

Билјана Стојановска

Објавено на 05 05 2019