НОВОСТИ

Ролеријада 2019

Осма година по ред се одржува „Ролер трка 2019“, во организација на ДКЦ и градот Скопје.. Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината.

Чест ни е да го споделиме успехот на нашата ученичка Лана Нацев 7 одделение од нашето училиште, во женска конкуренција која е овогодишен победник.

Лана со своите другарчиња тргна од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеше по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта. Таа со убедлива победа го крена пехарот и ја освои главната награда  ролерки и опрема.

Објавено на 16 05 2019