Училишни секции

Библиотекарската секција во посета на читалната „Славко Јаневски“ во Скопје

На 14.04.2016г.библиотекарската секција од ООУ„ Ј.Х.Песталоци“, беше во посета на читалната „Славко Јаневски“. Учениците-членови на библиотекарската секција од шестите и седмите одделенија, подготвија кусо предавање за животот и творештвото на овој наш истакнат писател , поет истовремено и автор на првиот македонски роман„Село зад седумте јасени“.

По нивното излагање за животот и делото на Славко Јаневски, учениците организираа литературно читање во кое секој ученик се претстави со своја творба од областа на поезијата или прозата на слободна тема.

Откако заврши литературното читање во организација на наставничката по македонски јазик-Ана Георгиева и библиотекарката-Маргарита Ѓурич , збор земаа одговорните лица –членовите на читалната„Славко Јаневски“.Тие им овозможија на учениците да ги разгледаат романите и збирките песни на Славко Јаневски,потоа им објаснија за правилата за зачленување и користење на просторијата од читалната како и можноста да читаат разновидни литературни остварувања од домашни и странски автори. На крај, го изразија своето големо задоволство и воодушевување од едночасовното дружење со малите и креативнои литературни творци.