Училишни секции

ДРАМАТИЗИРАМЕ И НА ГЕРМАНСКИ!

На 4 октомври 2013 година, во просториите на нашето училиште се одржа манифестација по повод одбележување на 50 - годишнината од катастрофалниот земјотрес, на која учествуваа учениците од училиштето, а меѓу присутните беа секако нивните соученици, наставници, и родители, но и Градоначалникот на општината, како и Амбасадорот на Швајцарија.

По тој повод, водителите на манифестацијата ги најавуваа точките на два јазика, односно на македонски и германски јазик.

Во целата манифестација учествуваа ученици од сите одделенија, но присутните навистина беа изненадени што учениците од V – 2 имаа подготвено точка на германски јазик.



Подготовките за оваа драматизација беа макотрпни, но учениците во ниту еден момент не се откажаа и беа упорни во тоа што поточно да го кажуваат текстот и во исто време да одглумат.



Задоволството кога заврши нивниот дел беше огромно. Сите кои беа инволвирани, учениците, но и наставниците, се радуваа и беа горди поради успешно завршената задача.

Предметен наставник Симона Мирчевска