Училишни секции

Игри без граници-Караван на иднината - Spielen ohne Grenzen-Karawane in die Zukunft


Победниците на натпреварот ќе имаат можност да учествуваат на регионалниот PASCH-летен камп во Истанбул.

Учениците (меѓу 14-16 години) од ООУ Ј. Х. Песталоци како PASCH училиште имаа можност да учествуваат на натпреварот со видео-изработка на германски јазик.

Задачата беше учениците да ја презентираат нивната визија за иднината во форма на краток филм и со тоа да ја искажат својата креативност на тема музика на иднината, филм на иднината, танц, мода, театар на иднината.

Победниците на натпреварот ќе имаат можност да учествуваат на регионалниот PASCH-летен камп во Истанбул. Оваа активност е подржана од Гете - институт.