Училишни секции

Посета на учениците од IV одделение на интерактивната театарска претстава на тема животна средина: „Валдемар и Штаубфрид”.

На 15.09.2016 (четврток), учениците од четврто одделение, ја посетија интерактивната театарска претстава на тема животна средина: „Валдемар и Штаубфрид” во организација на Гете Институт - Скопје.

Претставата траеше 45 минути, а актерката Симоне Мучлер, која постојано ги менуваше улогите и се трансформираше во сите карактери од приказната ги привлече сите присутни ученици. Живата промена на улогите, нагласените гестикулации, мимики и духовитото инсценирање ги воодушеви младите.

Учениците постојано беа вклучени во играта. Поради впечатливото и театралното претставување, и покрај странскиот јазик, учениците имаа чувство дека разбираат сè!

Предметен наставник Симона Мирчевска