Училишни секции

Посета на учениците од VII одделение на интерактивната изложба „Промисли – учи од природата“.

На 05.09.2016 (понеделник), во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, учениците од седмо одделение, ја посетија интерактивната изложба „Промисли – учи од природата” во организација на Гете Институт - Скопје.

"Промисли – учи од природата" е изложба за значењето на четирите елементи, вода, оган, земја и воздух, за човекот бидејќи без нив не постои живот.

Луѓето отсекогаш биле свесни за нивната вредност. Го обожавале сонцето како бог, ја нарекувале земјата своја мајка, верувале во духови на воздухот и водата. Истовремено ги употребувале елементите за своја корист. Со тоа настанал напредок.

Но, каде е границата? Луѓето безобѕирно ги користеле природните ресурси, ги загадиле воздухот и водата и сега се на пат на уништување на природната рамнотежа. Откако многу нешта се дестабилизираа како резултат на безгрижното третирање на елементите, а некои работи и засекогаш се изгубија, започна ера на промислување.

Интерактивната изложба имаше за цел да ја поттикне свеста за еколошки теми, особено кај младите луѓе. Таа ги опфати четирите елементи: вода, оган, земја и воздух. По една изложбена единица беше посветена на секој од четирите елементи.

Подвижните слики на влезниот дел ги внесе посетителите емотивно во темата. Главниот дел го претставуваше елементот, неговото значење и корисност и нудеше факти. Го објаснуваше минатото, ја прикажуваше сегашноста и даваше поглед кон иднината.

Иновативните технологии покажува дека напредокот и заштитата на животната средина сами по себе не си противречат. Возбудливите примери од бионика, механички системи кои функционираат како живи организми ја дополнуваа изложбата.

Текст: Гете Институт - Скопје

Предметен наставник Симона Мирчевска